Thursday, April 26, 2012

Стихотворба ''Родителски дом''


Родителски дом

Таткото на работа оди
секое утро со песна
за него и најтешката работа
како пердувче е лесна.

Мајката јадења готви,
чисти, садови мие,
наутро прва станува,
последна легнува да спие.

Дедо приказни разни
на внучињата свои им реди,
а штом е студено надвор,
крај топла печка седи.

Бабата џемпери плете
и внуците ги чува
додека надвор ветрот
по цел ден силно дува.


No comments:

Post a Comment