Thursday, April 26, 2012

Стихотворба '' Велигден''


Велигден

Го чекаме Велигден,
со срце , со душа,
велигденска песна
секаде се слуша.

Јајцата бојосани
блескаат ко свила, 
а детската радост
секому е мила.

Ќе направи мама
колачиња разни
Велигден е најголем
Христијански празник.

Десет јајца скршив
ширам весел ѕвон
во кршење јајца
јас сум шампион.

(од мојата колешка Верка Стратиева)

8 comments: