Monday, April 23, 2012

22 Април - Ден на планетата Земја


                   Американскиот сенатор Гејлорд Нелсон, далечната 1970 година организираше протест кој беше насочен кон подигнување на свеста за загадувањето на воздухот и водата. На 22 Април, повеќе од 20 милиони Американци излегоа на неговиот протест, и на она што денес сите го знаеме како Ден на планетата Земја. Обединетите нации овој ден го слават под името Светски ден за заштита на животната средина. Слоганот на овогодинешниот Ден на планетата Земја е „Милијарда зелени дела“ кој ја потенцира потребата од активно вклучување на секој поединец во глобалната акција за спасување на нашата планета. Денешното општество кое е зависно од енергијата е причина број еден зошто моменталното ниво на загаденост на планетата достигнува алармантни бројки. Постојаната употреба на необновливи извори на енергија, емисијата на јаглерод диоксид, честите еколошки катастрофи со излевање на нафта во океаните се само мала листа од проблемите кои ја загрозуваат иднината на планетата земја. Се повеќе луѓе стануваат свесни за потребата од промени и се повеќе се истражуваат обновливите извори на енегија кои не и штетат на околината, а се далеку поефикасни и поефтини. Во првата борбена линија на фронтот за зачувување на животната средина се наоѓаат големиот број екологисти насекаде низ светот, па и во земјава. Охридскиот еколог, Лазо Наумоски години наназад се приклучува кон ваквиот обид поблиску да се објаснат последиците од неодговорното однесување на човекот и да се објаснат начините на кои може да се поправи направената штета.
Планетата Земја е една и единствена, треба заедно да ја чуваме!

No comments:

Post a Comment