Monday, April 23, 2012

Стихотворба Здивот на пролетта


Здивот на пролетта

Црното ќосе, со жолтото носе
од грмушката кога утрово ѕирна
го виде сончко насмеан над ридот-
потскокна и весело свирна:
- Готово е, готово - радосно рече
штом сончко топло толку рано пече
од зимава набргу ќе нема ни трага...
На прагот е значи пролетта драга!

Една пчелка ранобудна
колку вредна, толку чудна
крај него часкум слета.
Ајде ќосе, му подвикна
зар не ти се лета?
Глеј сончко го стопи снегот.
Чисти се ливадите и нивите
со пупки ги накити гранките на праските
кајсиите, сливите!
Февруари уште вчера
си ги собра јорганите
Март ене шета
меѓу гранките на јоргованите.
Надвор се буди се што е живо...
Зар не го чувствуваш на пролетта здивот!?
Како да не - ќосето и врати-
Ти благодарам пријателке на укажаната чест
еве ќе летнам и само за миг
на сите ќе им ја пренесам радосната вест!

No comments:

Post a Comment