Tuesday, April 24, 2012

Ден на пролетта - Ден на екологијата







Часот е реализиран како подготовка за Денот на пролетта-Ден на екологијата кој традиционално се организира и одбележува во нашето  училиштето . Оваа година Денот на пролетта -Ден на екологијата  ќе се одбележи со цветно дефиле низ населбата Ѓорче Петров со што жителите на општината ќе имаат можност да се запознаат со работата на нашето училиште, а преку поделба на еко пораки и дефиле со изработени транспаренти ќе се влијае врз развивање на еколошка свест за чување и разубавување на средината на живеење и обезбедување на здрави услови за учење и работење во училиштето.
    Часот започна со воведна презентација во Power Point преку која учениците се запознаа со некои важни еколошки датуми, а преку оваа презентација беше откриена  целта на часот  и работните задачи на учениците . Учениците беа поделени во  групи по три различни предмети и секоја група започна со реализација на своите задачи :
·          Првата група работеше на изработка на капи и цветови од хартија за цветното дефиле по повод Денот на пролетта -Ден на екологијата   
·          Втората група работеше на составување еко пораки и изработка на транспаренти и флаери кои ги украсуваа и дизајнираа според сопствените идеи
·          Третата група учествуваше во засадување пролетни цвеќиња со цел разубавување на училницата, како и повторување на стекнатите знаења по природа за растење и размножување на растенијата.
(Еко стандард III Здрава и чиста внатрешна средина за учење и работење)
    На часот беа поканети и  родители кои редовно и  со големо задоволство учествуваат во активностите организирани во  училиштето и надвор од него и ни ја даваат својата несебична поддршката .
    Во завршниот дел од часот учениците ја презентираа својата работа, а секоја изработка поединечно беше наградена со огромен аплауз . На крајот учениците се релаксираа со играта 'Како расте цвеќето", а потоа се упатија на прошетка низ населбата, горди што можат да го покажат она што со голема љубов го работеа во текот на денот.
   







No comments:

Post a Comment