Monday, April 23, 2012

Стихотворба Ластовичка



Ластовичка
Здраво, здраво, поле, ниво!
Мили деца, здраво - живо!

Здраво гнездо, дом од злато.
За љубовта прав е патот.

Летав преку море, река,
знаев тука ти ме чекаш.

На крилцата мои лесни
ти донесов црцор, песни.

А за сите деца смели
носам пролет - китки бели.

Здраво, здраво, поле, ниво!
Еј, на сите, здраво - живо!
ластовичка

No comments:

Post a Comment