Wednesday, June 13, 2012

ИТРО ВРАПЧЕ





ИТРО ВРАПЧЕ

Итро, сиво врапче,
на гранчето седи,
а под него маче
со поглед го следи.

Еј, врапченце ела
мачето му рече
ќе ми бидеш другар
и пријател весел.

Знам зошто ме викаш
врапчето му врати
ако можеш скокни,
скокни па ме фати.

ВРАПЧЕ

Студениот зимски ветер
гола гранка ниша,
а врапчето по стреата 
везден тажно џивка.
џив, џив, џив
студот како стега
секој дома бега,
џив, џив, џив
џивкам везден така
не познавам мака
џив, џив, џив
зошто трошки има
преку цела зима.


РАНЕТОТО ВРАПЧЕ


Врапче мило врапченце
каде си ми било,
што тажно ми стоиш,
со скршено крило.


Вчера мило детенце
од глад немав здив
и тогаш ме дофати
еден мачор сив.


Ќе ти дадам храна
мое врапче мило,
а ќе ти го излекувам
и твоето крило.

СКОПЈЕ

СКОПЈЕ

Скопје граду убав
личен ко росен цвет, 
најмило место ти си
во овој шарен свет.

Те сакам граду убав
ко мајка, татко, брат.
Во тебе растам, учам,
во тебе живеам пак.

Скопје ти граду мил
многу векови заробен си бил
но, дојде денот чекан
во слобода ти да цветаш.


СКОПЈЕ

Тато го сака Скопје,
со раце цврсти како челик,
куќа по куќа гради,
станови убави бели.

Цветај Скопје , граду сакан
име секој што го знае
симбол си на љубов братска
како сонце што ни сјае.

Скопје го сакам и јас 
,со книга, игра и песна.
Вардар му мие лице,
шумоли милна песна.



СКОПЈЕ

Зад три гори,
зад три рида
градот мој
убаво се дига.

Два пати бил разурнуван
од војна и земјотрес јак,
 а сега во него цвета младост
низ Вардар река-град.

Еве го денес Скопје
како расте во слобода
ми личи на цвет
и најубав град е
во целиот свет.


САПУНЧЕ



САПУНЧЕ

Имам бело сапунче, 
зошто ми служи знам.
Раце, лице мијам сам,
чист и здравв си спијам.

Ако не си чист, 
ако не се миеш,
тогаш ти си болен
цел ден в кревет ќе спиеш.

Миризливо сапунче,
бели пени прави,
сите сме си румени,
весели и здрави.

Ако не си чист,
ако не се миеш,
тогаш ти си болен
цел ден в кревет ќе спиеш.



ЧИСТО ДЕТЕ

Штом наутро станам
лицето го мијам,
со сапун и вода
врат и уши тријам.

Со крпа бела,
само јас се бришам,
а , потоа исчешлано,
во училиште брзам.

СЕМЕЈСТВО




СЕМЕЈСТВО

Вие не знаете што прави мојата мајка,
чисти, мете, чисти, мете,
а сега во круг, а сега во круг.


Вие не знаете што прави мојот татко,
чита весник, чита весник,
а сега во круг, а сега во круг.


Вие не знаете што прави мојата баба,
пие кафе, пие кафе,
а сега во круг, а сега во круг.




Вие не знаете што прави мојата сестра,
реди кукли, реди кукли,
а сега во круг, а сега во круг.

Вие не знаете што прави мојот брат,
јава коњче, јава коњче,
а сега во круг, а сега во круг.



Вие не знаете што прави мојот дедо,
сука мустак, сука мустак,
а сега во круг, а сега во круг.

(од моите драги колешки Добрила и Маре)











ФРЛАЈ, ФРЛАЈ


ФРЛАЈ, ФРЛАЈ

Фрлај, фрлај високо
шири раце широко
лева рака, десна рака
да не падне, држи вака.

Клекни доле, чучни си
нозе вака рашири
напред, назад, лево, десно
се тркала вака  лесно.